Најмалку десет луѓе загинаа откако се урна рудник за злато во Румос Хилс, северозападна Кенија.
Несреќата се случи синоќа, а ситуацијата на терен е понатаму е драматична, бидејќи од под урнатините повремено се слушаат гласови и лелеци.
Досега од рудникот се извлечени најмалку десет безживотни тела.
-Спасувачката мисија е во тек и се верува дека во урнатиот рудник има повеќе луѓе заробени, изјави комесарот на округот Вест Покот, Давид Саруни. (МИА)







