Ракометарите на Фуксе Берлин први обезбедија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако во реванш четвртфиналето на домашен терен по изведување пенали го победија Веспрем – 35:33. Во регуларниот дел резултатот беше 31:30, а унгарскиот тим победи на првиот дуел 35:34 и вкупниот резултат беше 66:66.
Голманот на Берлин, поранешниот „вардарец“ Дејан Милосављев одбрани два седмерци, а голот за победа го постигна Матијас Гидсел.
Инаку, Берлин во првото полувреме водеше со 17:11, а гостите намалија на 17:15 и во завршницата стигнаа до 29:29 (57.минута).
Во тек се дуелите Алборг – Спортинг (31:31 на првиот натпревар) и Барселона – Нант (32:30 за Барселона во првиот натпревар).
Утре се игра последното четвртфинале меѓу Магдебург и ПИК Сегед (35:28 за Магдебург).







