Шеснаесетгодишници нападнале врсник, му се заканиле со автоматска пушка

Двајца шеснаесетгодишници се сомничат за кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“ поради тоа што физички нападнале врсник.

Министерството за внатрешни работи информира дека еден од шеснаесетгодишниците му се заканувал на врсникот и со автоматска пушка.

– СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во с.Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му упатувал ѝ закани со автоматска пушка, информира МВР во полицискиот билтен.