Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Бутел

На 05.05.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува бул.„Христијан Тодоровски- Карпош“ и ул.„Бутелска“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(29) од Радишани, скопско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.


Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.