Украинска војска: Околу 50 обиди за руски офанзиви од почетокот на денот

Генералштабот на украинската војска попладнево соопшти дека регистрирал 51 обид за руски напредок од почетокот на денот.

Борбите повторно биле најинтензивни во Доњецката област. Украинците пријавија 18 руски офанзиви во областа на Покровск и девет други во правец на Костјантинивка, неколку километри североисточно, наведе украинската војска на социјалните мрежи.

Украинската војска исто така пријави неколку обиди за руски напредок на истокот на земјата, во правец на Лиман, Краматорск и Славјанск.


Имало неколку напади на два фронта – северно од Суми и североисточно од Харков.

Во Дњепропетровската област, Генералштабот на украинската војска тврди дека руската војска двапати се обидела да напредува кон Александровка.

На југот на земјата, Украинците исто така известуваат дека забележале околу десет руски офанзиви во регионот на Хуљајпоље и една кон Орихив, нешто позападно, се наведува во соопштението.