Вуко Борозан се сели во РК Алкалоид!

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан од следната сезона ќе го носи дресот на РК Алкалоид, пренесуваат регионалните медиуми.

За искусниот лев бек оваа ќе биде негов четврти македонски клуб по настапите за Вардар и Охрид.


Борозан во моментов се опоравува од повреда и ќе го пропушти реваншот на Охрид во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп.

Во кариерата има настапувано и за Веспрем, додека пак со Вардар ја освои и титулата во Лигата на шампионите.