Двајца убиени, неколку повредени во руското гранатирање на Херсон

Најмалку две лица се убиени, а седум повредени во напад со руски дрон врз минибус во градот Херсон, соопштија локалните власти.

Според шефот на регионалната администрација, Олександр Прокудин, нападот се случил во областа Дњепар, а меѓу загинатите има жена и комунален работник, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден.

„Уште седум лица се повредени – шест мажи и една жена, вклучувајќи комунални работници. Сите се хоспитализирани“, рече Прокудин, според „Униан“.


Тој додаде дека повредените претрпеле повреди од експлозијата и се под медицински надзор.
Нападот е извршен со дрон, а минибусот претрпел значителна штета.

Во меѓувреме, украинските власти велат дека руските сили продолжиле со нападите врз други градови, вклучувајќи ги Тернопил и Одеса, каде што исто така има повредени.