Реал Мадрид е на чекор до Ф4 по втората победа над Хапоел

Реал Мадрид е на чекор до фајналфор откако „кралскиот клуб“ поведе со 2-0 во четвртфиналната серија со Хапоел, славејќи на вториот меч на домашен терен со резултат 102-75.

Кампацо пак беше прва виолина на Реал Мадрид со 23 поени, а во ситуација кога е повреден центарот Тавареш одлично се снајде Гаруба, кој стигна до 13 поени и 9 скокови.

Кај Хапоел најефикасен во овој убедлив пораз беше Отуру со 19 поени.