ДС нема никакви црвени линии. Венко Филипче е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
СДС на чело со Филипче подготвени се да распродадат сè што е македонско, идентитетот, јазикот, историја и културата само поради една цел, за да дојдат на власт. Скандалозната изјава на Рубин Земон, во која се релативизира македонскиот идентитет и се омаловажува ликот и делото на Гоце Делчев, не е изолиран инцидент, туку огледало на политиките што СДС ги спроведува со години. Тоа е континуитет на понижување и негирање на сопствените национални вредности и македонските граѓани. Изјавата на Рубин Земон е олицетворение за вистинскиот пристап на СДС кон македонските национални интереси под раководство на Филипче. Филипче и СДС наместо да ги бранат државните позиции, тие прифаќаат услови од оние што ја блокираат Македонија и директно го попречуваат нејзиниот пат кон Европската Унија. За СДС, македонските национални интереси не се света обврска, туку средство за политичко пазарење. Не им пречи ниту фактот што нема никаква гаранција дека евентуални нови отстапки ќе бидат последни на патот кон ЕУ. Филипче не само што не се оградува од ваквите ставови, туку и ги поттикнува, поставувајќи луѓе со вакви позиции на највисоки партиски функции и испраќајќи порака дека е подготвен на нови и уште подлабоки отстапки, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Рубин Земон е само уште една потврда дека за Филипче и СДС не постои граница кога станува збор за националните интереси. Сè е на продажба, само да се добие власта, додаваат од владејачката партија.







