Состојки:
- 500 грама лиснато тесто
- 100 грама крем сирење
- 50 мл слатка павлака
- сок од 1 зелен лимон (лајм)
- рендана кора од 1 лајм
- 1 лажичка мелен ѓумбир
- јагоди
- шеќер во прав – за посипување
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 180°C. Лиснатото тесто развлечете го на дебелина од околу 1 см. Исечете го на приближно 9 правоаголници. Тавата обложете ја со хартија за печење и наредете ги парчињата тесто. Печете 10 минути, потоа намалете ја температурата на 160°C и печете уште 20 минути.
Во меѓувреме подгответе го кремот. Слатката павлака кратко изматете ја, па додајте го крем сирењето, сокот и кората од лајм и мелениот ѓумбир. Матете додека смесата не се изедначи. Јагодите измијте ги и исечете ги.
Откако тестото ќе се излади, секој правоаголник пресечете го на два дела. Започнете со редење: на едно парче нанесете крем со шприц, па поклопете со второ парче тесто. Повторете ја постапката со кремот, па завршете со тесто. На крај, горниот слој ставете малку крем и јагоди, па посипете го со шеќер во прав.







