Белистојаноски од следната сезона ќе игра за Е.Пелистер

Е.Пелистер продолжува со стратегијата за развој на сопствени играчи, откако официјално потврди дека младиот ракометар Ненад Белистојаноски од следната сезона ќе биде дел од првиот тим.

Станува збор за 21-годишно десно крило кое потекнува од Прилеп но целосно се афирмираше во Битола, минувајќи ги сите младински категории во системот на клубот.

Белистојаноски досега настапуваше за Еурофарм Пелистер 2, но сега ќе биде прекомандуван и ќе игра во првиот тим.