Сите патишта водат кон Рим. Но, овојпат ова незаборавно патувања е за Мартинијан Кириловски и неговата девојка Лара Денковиќ кои ја почуствуваат убавината на овој романтична престолнина.
Во пријатната атмосфера на Рим, 30-годишниот пејач ја побара својата сакана, која е осум години помлада од него, за да испишат ново поглавје во заедничкиот живот.
Мартинијан Кириловски на социјалните мрежи објави: „Од денес официјално моја!💍“, покажувајќи го вереничкиот прстен.
Од денес официјално моја!💍🤍
Lara DenkovicPosted by Мартинијан Кириловски on Wednesday, April 29, 2026
Тие неуморно и возбудено продолжуваат да ги истражуваат убавините на италијанската престолнина.
Тие прошетаа низ историските улици, се восхитуваа на величествениот Колосеум и уживаа во магијата која ја нуди градот кој важи за една од најромантичните дестинации во светот.








