Сиљановска-Давкова – Пармелан: Првата официјална посета на претседател на Швајцарија потврда за добриот развој на односите и силниот дијалог

Ова е историски ден не само за мене туку и за сите нас во државата, бидејќи претседател на Швајцарија е во прва официјална посета на нашата држава- истакна денеска претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по приемот и посетата на претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан.

Сиљановска-Давкова нагласи дека денешната посета на Пармелан значи дека тој на Западен Балкан му придава големо значење, од една страна, и како што рече, „тоа е поттик за македонско-швајцарските односи“. Посочи дека Швајцарија е инспирација во поглед на демократијата, како и дека има развиена партиципативна политичка култура, развиена локална самоуправа, форми на директна демократија, од кои може да се учи.

– Зошто е за нас важна, затоа што се работи за еден успешен пример на мала федеративна повеќејазична држава, во која разликите се надминуваат со знаење, со граѓански капацитет, со компететност и, се разбира, со постојана активност. Констатиравме дека бележиме напредок во дијалогот. Зошто? Затоа што тој е заснован на почит и имаме намера да продолжиме во ист дух, особено во рамките на ОБСЕ, бидејќи во овие тешки времиња, како што знаете, Швајцарија застана на чело на ОБСЕ. Но исто така и во Обединетите нации и исто така и во Советот на Европа. Мирот и безбедноста ни се главните заложби и многупати сум рекла дека за малите држави, решението е мултирателаризмот, а тој вирее во стабилните меѓународни институции, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова додаде Швајцарија е еден од најголемите донатори на нашата држава.

-За мене се особено важни донациите во демокртаското управување, во одржливиот економски развој, во заштита на животната средина и тие континуирани веќе три децении. Особено се заблагодарив за поддршката во формирањето и работата на Парламентарниот институт во македонското Собрание, бидејќи Парламентарниот институт е најдобрата и најглавната логистичка поддршка на работата на парламентот. Уште една Програма поддржува Швајцарија за поддршка на Парламентот, насочена кон подобрување на законодавната процедура на зајакнување на надзорната функција на Праламентот, на транспартеноста во работа, а особено во комуникацијата со вас новинарите, вели Сиљановска Давкова.

Таа потенцираше дека финасиската поддршка во висина од 56,1 милион швајцарски франци на Швајцарската Програма 2025-2028 година за нашата земја има за цел да ги мотивира реформите за европската интеграција, а која што на нашата земја многу и значи. Иако Швајцарија не е членка на ЕУ, сепак таа ги исполнува сите Копенхагешки критериуми и како што вели претседателката Сиљановска-Давкова се разбира има и извонредна соработка со ЕУ. Порача дека се радува на формирање на комора за стопанска соработка меѓу двете земји и на средбата со Пармелан му ги презентирала и нашата состојба врзана со евроинтеграциите, како и проблемите со кои што се соочува нашата земја на овој пат.


Претседателот на Швајцарија, Пармелан, изрази жалење што долго време се чекало за првата посета на Швајцарија во Северна Македонија, но, како што рече, може да се гледа и на оваа посета како на знак за добар развој на односите во неколку одминати години.

– Швајцарија и Македонија се земји обележани со долгогодишна традиција на фурикултуралност. Тоа значи дека нашата заедничка соработка, разговор и дијалог, се силни, нашите земји се осудени на некој начин да се борат за нивниот пат и постоење во Европа. Ние исто така сме поврзани и со Кочани и Кран Монтана. Поврзани сме и со овие две несреќи. Сакам да ве потсетам и да ѝ се заблагодарам на Македонија поради солидарноста и великодушната понуда на помош и солидарност. Таа солидарност ни даде сила да ги надминеме овие страшни трагедии. Досега нашите билатерални односи биле одбележани со програмата за соработка на Швајцарија и присуството на силната дијаспора од Сверна Македонија во Швајцарија, која ја засилува културната разноликост во мојата земја – рече Пармелан.

Претседателот на Швајцарија истакна дека е среќен и чест му е што оваа соработка може да се продлабочи во делот на економијата, инвестициите и иновациите. Потенцира дека Швајцарија придава огромна важноста на мирот и стабилноста во Западен Балкан.

-Овој регион е приоритет за нашата надворешна политика и среќен сум што гледам дека земјите во овој регион станаа посигурни во себе и постабилни во изминатите години, еве европската интеграција, како што рече претседателката, останува одлучен фактор за мирот и просперитетот во Западен Балкан. Швајцарија одблиску ги следи европските перспективи на овие земји и ги поддржува во мера која е наш интерес. Швајцарската програма за соработка, која во моментот е предвидена до 2028 година со буџет, има цел да ја поддржи Северна Македонија во патот кон европската интеграција, рече Пармелан.

Претседателот на Швајцарија денеска ќе има средби и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.