На 28.04.2026 во 09:15 часот на ул.„Охридска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р.(22) од Тетово.
-Претходно, тој со возило „бмв“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „тојота“ со тетовски регистарски таблички, управувано од М.Е.(44) од Тетово и паркирано возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото „бмв“ без да поседува возачка дозвола, информираат од СВР Тетово.
Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.







