Чупиќ: Беше тешко со ограничен состав

Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа тежок пораз во Монпелје во четвртфиналето, на Европслата лига.

Без двајцата најдобри играчи Јака Малус и Дмитро Хориха, црвено-црните, издржаа едно полувреме, во второто целосно потонаа, па конечните 33-23 се реален резултат.

Иван Чупиќ, жали што на најважниот натпревар оваа сезона го немаше целиот ростер на располагање.


„Игравме добро дефанзивно и бевме многу дисциплинирани во првото полувреме.

Се обидовме да ја запреме нивната транзициска игра. Потоиа, игравме „седум на шест“ за да ги промениме работите, бидејќи имавме ограничен состав.

Бев разочаран од почетокот на второто полувреме, бидејќи направивме многѕ грешки, а последната четвртина беше многу, многу тешка. Генерално, крајниот резултат ми изгледа логичен“, рече Чупиќ.