ФИФА размислува за воведување на ново правило во фудбалот

Светската фудбалска организација ФИФА разгледува промена која би можела да им го олесни настапот на репрезентациите кои настапуваат на СП.

Имено, од неколку извори доаѓаат информации дека ФИФА размислува да воведе уште едно „бришење“ на картоните.

Досега, жолтите картони се бришеа по групната фаза, а сега ФИФА размислува да го стори истото по четвртфиналето.

Оваа идеја произлезе од проширувањето на првенството на 48 екипи, што значи поголем број натпревари од претходно.


АС“ пишува дека ФИФА сака да ги заштити играчите и да спречи последните фази од турнирот да бидат преполни со суспендирани играчи. Затоа се воведува уште едно „чистење“ на картоните – едно по групната фаза, а другото по четвртфиналето.

Дополнително „чистење“ на картонот ќе биде дискутирано овој вторник на состанокот на Советот на ФИФА во Ванкувер.