Германскиот првак беше оној што ја наметна својата игра од самиот почеток. Притискаа Баварците кон голот на ПСЖ, кој тешко успеваше да мине на половината на противникот.
Во 16-тата минута беше досудена најстрога казна за гостите, а по прекршокот на Пачо над Луис Дијаз. Сигурен реализатор беше Англичанецот, Хари Кејн за водство на Баерн од 0-1. Веќе во 19.минута гостите имаа голема шанса за втор гол, но обидот на Олисе од самата гол линија го сопре Маркињош.
Првата и тоа голема шанса домаќините ја имаа во 23.минута, кога Дембеле изби сам пред Нојер, но биеше крај голот. затоа пак минута подоцна не згреши Кварацкелија кој ја затресе мрежата на Баерн за израмнување на 1-1.
Тоа како да ги разбуди „светците“ кои преку Невеш во 33.минута направија и пресврт, поведоа со 2-1
Напротив, германскиот првак во финишот (42) минута преку Олисе успеа да израмни на 2-2.
И кога сите очекуваа крај на првиот дел, во судиското дополнение беше досуден пенал за домаќините. По ударот на Дембеле, топката од телото на заврши во раката на Дејвис, а по прегледувањето на ВАР снимката беше покажано на белата точка. Сигурен егзекутор беше Дембеле за ново водство на ПСЖ сега со 3-2.
Во 56-тата Кварацкелија со својот втор гол му донесе на европскиот шампион два гола предност (4-2). А, на петтиот гол на Парижаните не се чекаше многу. И Усман Дембеле втор пат се впиша во листата на стрелците за 5-2 за ПСЖ.
А, тука „голеадата“ на „Паркот на принцовите“ не престана.
Во 65-минута по нафрлувањето на Кимик, топката малку ја зафати Упамекано, но доволно да заврши во мрежата на домаќините за 5-3. А, веќе во 68.минута Луис Дијаз на прекрасен начин постигна нов гол за 5-4.
Минималната предност и вечерашниот дуел, ветува нов спектакл следната среда на реваншот во Минхен.






