Сериозни институции од европското право од докажани демократии дадоа свој суд дека 27-ми април не е тероризам туку бунт на народот, посочи поранешниот јавен обвинител Сотир Костов во интервју на ТВ Алфа со Љупчо Цветановски. Ова не е нешто што го кажал некој Сотир или кој и да е во Македонија, ова е заклучок на светски експерти, кој мора да се почитува и кај нас како основа за ново, правично судење на патриотите кои упаднаа во Собранието во револт од рушењето на државата кое се случуваше во законодавниот дом, вели човекот кој беше очевидец на овој настан. Запрашан, што се случи на 27.април 2017-та, тој вели:
-Первертирање на состојбите, правно-политичко, морално и национално предавство. Луѓе кои што требаше да одговараат што направија нелегален избор на претседател на собранието, што оддржаа седница без да ја закажат како што предвидува Деловникот и законите и луѓе кои очигледно однапред беа договорени, мислам на СДСМ и ДУИ, да го направат она што го направија, тоа се виде во нивното однесување. Едниот лидер во Собрание со она што го кажа на скалите, ако се сеќаваш „Ако треба и во парк, ние денеска ќе оддржиме седница“, а другиот кукавица невидена, политичка и секаква, Ахмети, не ни дојде во Парламентот бидејќи процениле дека животот ќе му биде загрозен. Непобитен е фактот, до ден денешен не постои записник од таа седница, посочува Костов потсетувајќи на редицата прекршувања кои ги сторија Заев, Села и Ахмети во пучот на 27.април.
Костов укажува дека драконските пресуди за некакви си „терористи“ се едно од најцрните македонски „петна“ кои мора да ги разрешиме за да одиме напред како држава и општество, класичен полтички прогон за луѓето кои станаа школски пример „што ќе ви се случи ако сте против Заевци и смена на името на државата“.
-Луѓето кои 70 дена со „За заедничка Македонија“ одржуваа мирни протести и никогаш не напрвија никаов проблем сега беа испровоцирани од Заевци. Тоа се луѓето кои сакаа да спречат такво предавство кое се случуваше во собранискиот систем и во уставниот систем, испаднаа од Уставобранители за кои до ден-денес тврдат дека е така и јас се чувствувам како еден од нив и јас бев присутен таму тој ден, само 4 дена отсуствував од 70-те дена протести, да бидат наречени „терористи“, потсетува поранешниот јавен обвинител.
-Ова е најголем судски срам, срам и арам да им е на изведувачите, тука завршувам, за да не одам до она „до седмо колено“, потенцира Костов во „За или против“ барајќи правда за онеправданите македонски патриоти на кои општеството и сите ние им должиме многу.
https://www.youtube.com/watch?v=eVI_q4lWYxM








