Интернационалниот фестивал на монодрама, вечер во Битола ќе биде домаќин на италијанската актерка Каролин Пагани која ќе се натпреварува со монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“.
Монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“ е иронично, интензивно и визонерско шоу, но и наизменично остра комедија и поезија. Претставата е театарски крик против насилството од минатото и сегашноста, кој го враќа гласот и телото на жената.
Од НУ Центар за култура, домаќин и организатор на фестивалот информираат дека веднаш по настапот на актерката Пагани, во новопромовираната бар-сцена ќе настапи актерката Наира Једигајран од Ерменија, членка на Ерменски државен театар за пантомима, која на фестивалот во Битола се натпреварува со монодрамата „Внатре“.
Паралелно со официјалната програма во тек е и дополнителната фестивалска програма во чии рамки денес напладне во битолскиот Офицерски дом работилница на тема „Љубов, лаги и осаменост“ ќе одржи Денис Денис, актер од Данска. (МИА)







