ФОТО: „Мојот човек“, Џиџи Хадид се пофали со роденденскиот подарок од Бредли Купер

Моделот Џиџи Хадид го прослави својот 31-ви роденден, а по тој повод се пофали на социјалните мрежи со раскошниот подарок што го доби од своето момче, актерот Бредли Купер.

Таа го прослави својот роденден во четврток, 23 април, а на својот Инстаграм откри со што ја изненадил 51-годишниот актер.

Купер ѝ подари на својата девојка огромен цветен аранжман исполнет со жолти, розови, црвени и бели цвеќиња поставени меѓу богато зеленило.


Хадид сподели фотографија од аранжманот на нејзината трпезариска маса.

„Мојот човек, нема збор“, напиша Џиџи покрај фотографијата, додавајќи емотикон со изненадено лице.