Алекс Маркез победник на трката за ГН Шпанија

Возачот на БК8 Гресини рејсинг, Шпанецот Алекс Маркез, победи на денешната трка во рамките од Мото ГП шампионатот на трката за Големата награда на Шпанија во Херез.

Маркез дојде до својата прва победа во сезоната со време од 40:48,86. Тоа беше негова четврта победа во кариерата во „кралската класа“.

Второто место му припадна на возачот на Априлија, Марко Бецеки од Италија, со заостанување од 1,903 секунди зад победникот. Третото место му припадна на возачот на Пертамина Ендуро ВР46, Фабио Ди Џанантонио од Италија, со заостанување од 5,796 секунди зад Маркез.


Актуелниот светски шампион во Мото ГП, возачот на Дукату, Марк Маркез од Шпанија, излета од патеката во вториот круг и се откажа од трката.

Првото место во генералниот пласман на возачи го држи Бецеки со 101 бод, додека Шпанецот Хорхе Мартин од Априлија е втор со 90.Следната трка во шампионатот ќе се одржи на 10 мај за Големата награда на Франција.