Во британската база на Кралското воено воздухопловство Ферфорд во Глостершајр синоќа избувна пожар, при што е оштетена зградата на поранешната кантина.
Засега нема информации за евентуално повредени луѓе, а огнот не ги зафатил авионите, пистите и хангарите.
РАФ Ферфорд е главна оперативна база во Европа за американските стратешки авиони бомбардери, првенствено за Б-1Б Лансер и Б52Х Стратофортрес.
Од март во базата се стационирани голем број авиони, кои се дел од операциите предводени од САД против Иран. Изминатите месеци во базата е забележана засилена активност, како и полетување и слетување на бомбардери и товарење на муниција.
Сè уште не е позната причината за пожарот, но ако се утврди дека е саботажа тогаш британските и американските власти ќе спроведат заедничка истрага.







