(видео) ПУКАЊЕ ВО ХОТЕЛОТ ХИЛТОН: Истрели на вечерата на Трамп со дописници, полицаец е застрелан, а напаѓачот уапсен

Претседателот на САД Доналд Трамп и други високи американски функционери беа евакуирани од годишната вечера со дописниците од Белата куќа во саботата вечерта по пукањето во лобито на хотелот Хилтон во Вашингтон. Вооружениот напаѓач е уапсен, а еден полицаец е застрелан.

Како што објавија амриканските тв канали, првичните извештаи велеа дека едно лице е мртво. Подоцна се дозна дека вооружениот напаѓач е уапсен.

Еден од обезбедувачите е погоден во панцирот, но не е во животна опасност.

Американскиот претседател Доналд Трамп го потврди ова на прес-конференција во Белата куќа.

Пред конференцијата, Трамп објави видео од нападот и одговорот на Тајната служба.

Во објава на социјалните мрежи по пукањето, Трамп рече дека првата дама Меланија Трамп и членовите на неговиот кабинет кои присуствувале на вечерата се „во одлична состојба“.

Осомничениот за пукањето е идентификуван како Кол Томас Ален, 31, од Торанс, Калифорнија,

Годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа собира стотици истакнати новинари, познати личности и политичари од Републиканската и Демократската партија.

Некои од присутните пријавија дека слушнале помеѓу пет и осум истрели. Салата за бал беше веднаш евакуирана по пукањето.

Истиот хотел, два инцидента со американски претседатели

Американскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали за вооружениот инцидент во Вашингтон, посочувајќи дека напаѓачот делувал решително и бил совладан благодарение на брзата реакција на Тајната служба.

Во обраќање пред новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека напаѓачот нападнал безбедносен контролен пункт со повеќе видови оружје, но бил неутрализиран за кратко време.

„Мажот нападна безбедносна контролна точка вооружен со повеќе парчиња оружје, а го совладаа неколку многу храбри припадници на Тајната служба“, изјави Трамп.

Тој посочи дека напаѓачот се движел брзо и нападот го започнал од оддалеченост од околу 50 метри, што дополнително ја усложнило ситуацијата.

„Знаете, нападна од оддалеченост од 50 метри, така што беше многу далеку од просторијата. Се движеше. Навистина се движеше“, рече Трамп.


Според него, првичните проценки на службите укажуваат дека станува збор за таканаречен „осамен волк“, односно лице кое дејствувало самостојно, без поддршка од други лица.

„Тоа беше тип кој изгледаше прилично злобно кога беше на подот“, додаде Трамп.

Тој објави и снимка на својата платформа „Трут Соушл“, на која се гледа лице како трча низ безбедносниот контролен пункт, на кратко изненадувајќи го обезбедувањето, пред тие да реагираат и да го извлечат оружјето.

Инцидентот предизвика сериозна безбедносна тревога, по што свечената вечера беше откажана, а сите присутни високи функционери беа евакуирани. Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со нападот.

Трамп: Ова нема да ме одврати од војната во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп по вооружениот инцидент на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа изјави дека тоа нема да го одврати од војната во Иран, иако претпоставува дека пукањето не е поврзано со конфликтот.

– Тоа нема да ме спречи да победам во војната во Иран. Не знам дали пукањето имало некаква врска со тоа, но врз основа на она што го знаеме досега, навистина не мислам така, истакна Трамп по инцидентот на прес-конференција.

Сепак, Трамп претходно рече дека „никогаш не се знае“ дали нападот е  поврзан со конфликтот во Иран. Тој нагласи дека истражителите сè уште ги утврдуваат мотивите на напаѓачот, кого го опиша како „осамен волк“.

„Си-би-ес њуз“ (CBS News) го објави идентитетот на осомничениот напаѓач на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа, поради што Трамп и првата дама Меланија беа евакуирани од салата и однесени на безбедно место.

Напаѓачот е идентификуван како 31-годишен маж Кол Томас Ален од предградие на Лос Анџелес.

По инцидентот тој е под полициски надзор во болница каде му се пружа лекарска помош.

Главниот обвинител Тод Бланш изјави дека формалните обвиненија против напаѓачот ќе бидат поднесени „многу наскоро“.

Агентот кој го запрел напаѓачот завршил во болница. Тој бил погоден во панцирот и е болница. ми/

фото: ЕПА