Никогаш подлабоко деколте: Ева Лонгорија блесна како божица во фустан кој ги истакна сите нејзини атрибути (ФОТО)

Ева Лонгоријана на доделувањето на наградата за животно дело на AFI во театарот Долби во Лос Анџелес ги привлече сите погледи во елегантен црн фустан кој ги истакнуваше нејзините адути, особено смелото деколте, според „Мандат“.

Иако со висина од 154 сантиметри спаѓа во пониските актерки, Лонгорија знае и како да ја истакне својата фигура.

Овојпат таа одлучила да игра на картата на женственост и самодоверба. Фустанот со едноставен крој, со тенки прерамки и длабоко деколте, совршено ги истакна нејзините атрибути, а деколтето беше во преден план и доминираше во целото издание.

Минималистичкиот, но ефективен стил дополнително го засили впечатокот – пристоен дијамантски ѓердан ја следи линијата на деколтето и дискретно го врамува нагласеното деколте, додека остатокот од комбинацијата остана ненаметлив.

На црвениот тепих, таа зрачеше со самодоверба и добра енергија, а насмевката не ја симнуваше од лицето.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Ева Лонгорија?