Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска во Виена остварил средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг, при што фокусот бил ставен на управување со води, заштита на природата и зелената транзиција.
Министерот Хоџа, како што соопшти неговиот Кабинет, ги претставил приоритетните инвестиции во секторот води, а бил презентиран и процесот на воспоставување современ регионален систем за управување со отпад.
Осврнувајќи се зајакнувањето на мрежата на заштитени подрачја, Хоџа посочил дека Австрија има искуство во управување со националните паркови кое може да биде вредно за нашата земја.
Двете страни ја потврдиле вредноста на соработката преку инструментите на Европската Унија и го искажале заедничкиот интерес за продлабочување на партнерството во областа на животната средина.
Министерот Хоџа посебно го истакнал значењето на Законот за климатска акција, кој е во процес на усвојување и кој ќе воспостави сеопфатна рамка за справување со климатските промени.








