Нов очебиен резултат на прекумерната употреба на иљачот на Јон на Бихаќка. СДС денеска јавно укажа дека се во силен уплав дека некој ги следи. Според паранојата на Бихаќка, се работело за некаква си Black Cube (измислија и приватен „Мосад“), со кој лично премиерот ги следел?!
За кажаната малтене лудост нема никакви докази, само инфантилни наративи и луцидни конструкции лиферувани во утринското соопштение. Очигледно, додека некој наутро пие кафе, во седиштето на СДС се конзумираат други „работи“. И не, не е какао…
Проценете самите:
„Ова е дел од операцијата со Black Cube (приватниот „Мосад“) што Мицкоски и криминална група го ангажираа за следење на опозицијата и фабрикување афери.
Колку таа организација нема морал се виде и во Унгарија и во Словенија.
Во Унгарија дури влегле во спалната соба на Петер Маѓар и му поставиле камери за да направат приватни снимки и да создадат скандал.
Во Словенија правеле исто за Јанша – тајно снимале опозицијата, а потоа медиумите пишувале за „аферите“.
Оваа фирма и во Словенија и во Македонија дошла директно преку Орбан, поранешниот премиер на Унгарија, кој сега самиот се соочува со сериозни истраги за криминал и корупција“, пишаа утрово од СДС.
И пак, по недела дена пауза, дилетантите покажаа желба за блискост со Маѓар. Не видоа ли дека Петер е поостар кон ЕУ и Сорос од „лошиот“ Орбан? Не сфаќаат ли дека стопанот Заев ќе ги кара за оваа инфантилна епизода од „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“?
Веројатно,си даваат оддишка на душичките. Не им е лесно, од денеска наместо 6 имаат 5 градоначалници, Венко се скара со Сашко. Башка, уште еден одамна не бил „нивни“.
СДС таксират…
https://www.dailymotion.com/video/x5js1xl








