Во рамки на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа реализирани активности насочени кон извршување на тактички задачи во сложена и динамична безбедносна средина.
Активностите опфатија организација и функционирање на мобилни контролни точки, распоредување и дејствување од артилериски позиции, како и изведување на патролни задачи и посебни тактички дејствија.
Паралелно со тоа, единиците на терен функционираа и во услови на симулиран надзор и извидување од воздух, при што постапуваа согласно стандардните оперативни процедури, применувајќи соодветни мерки за зачувување на оперативната безбедност.
Со ваквиот тип на сценарија се овозможува реална проверка на способноста за навремено препознавање на различни предизвици, соодветна реакција и ефикасно извршување на задачите во различни тактички услови.
На 21 април, во рамки на реализацијата на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, на армискиот полигон…
Posted by Армија на Република Северна Македонија on Tuesday, April 21, 2026
Активностите придонесуваат кон унапредување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група и потврдување на способноста за дејствување во согласност со мисијата на единицата.








