Дали првиот ден од 36-та година од постоењето на СДС, Венко Филипче ја стартуваше со она што можеби најдобро му лежи? Ако по утрото денот се познава, ова ќе биде плодна сервилна и коленичарска година за направијата од Биихаќка.
Во интервју на првиот ден по гламурозната роденденска журка на Бихаќка, на која СДС славеше 35 години, а Македонија жалеше за сите зулуми кои овие 3,5 децении и ги стори оваа индолентна политичка банда, Филипче повторно ја обвини македонската Влада за „грешки“ кон соседите. Не е битно што некој ве негира, вели дека не постоите, дека сте измислица на Тито, дека јазикот не ви постои, народот, историјата, револуционерите. Јок. Како и секогаш, дали битно е саде Венко да им се упика на странците и да се претстави како фактор кој ќе стори се’ што треба и не треба ако дојде пак на власт, единствена шанса за некакво враќање на партијата кое веќе одамна не минува поради есдесовската политичка фригидност?
Во интервјуто, претседателот на СДСМ со најлош рејтинг во историјата, Венко Филипче, оцени дека актуелната влада која го „мачка на леб“ и го води со 7:1 во рејтингот, со, како што рече, неодговорна и националистичка реторика создавала некакви си тензии во односите со соседните земји и наводно придонесувала за влошување на регионалната атмосфера.
Како што изјави Филипче познат како Заев Трети (Таче е Заев Втори) во интервјуто, владејачките политики, според него, не придонеле за заштита на националните интереси (демек СДС знае што е тоа), туку довеле до забавување на европските процеси и политички застој на државата. Кои меѓу другото, ги заглави неговото СДС со ступидното прифаќање на пробугарскиот Француски предлог.
Човекот низ кулоарите на Бихаќка познат како Кралот Зајдисонце (поради насоката во која ја води партијата) наведе дека во изминатиот период демек се забележувало некакво си влошување на односите со соседите и создавање на, како што ги нарече, „вештачки непријатели“, што, според него, не е во интерес на државата.
Филипче додаде дека, како што рече богати, на Македонија и била потребна некава си политика на дијалог и добрососедство (читај сервилност, берзрбетништво и субмисивност), наместо, како што оцени, провокации и зголемување на тензиите во регионот, кои се продукт на нивната СДС инфантилна „соседска“ политика. „Ваљда“, бара онаква каква што тераа Заев и тој, потпишувајќи се што ќе им се дадеше без ни да го прочќитаат, удирајќи без проблем по идентитетските одредници.
За негова голема жал, таквото однесување, исто како и СДС, се само минато…








