Мадона нуди награда за исчезнатите костими по настапот на Коачела

Мадона нуди награда откако неколку нејзини костими исчезнаа по настапот на музичкиот фестивал Коачела.

Поп иконата изјави дека исчезнале јакна, корсет, фустан и други предмети од нејзината гардероба, пишувајќи на Инстаграм доцна синоќа дека бара нивно „безбедно враќање“.

Сликите објавени на платформата од страна на Мадона ја прикажуваат пејачката во розови и лаванда модни комбинации.

„Ова не е само облека; тие се дел од мојата историја“, напиша Мадона, додавајќи дека се „надева и се моли“ предметите да бидат вратени.


Пејачката на хитовите „Vogue“ и „Ray of Light“ имаше ненајавен настап во петокот заедно со Сабрина Карпентер на фестивалот во калифорниската пустина, каде двете ја изведоа нејзината класика „Like a Prayer“.

Мадона првпат настапи на Коачела во 2006 година, а подоцна се појави како гостинка во 2015 година за време на настапот на Дрејк.

Пејачката неодамна најави нов албум, нејзин прв по околу седум години. „Confessions on a Dance Floor: Part II“ е закажан за објавување на 3 јули. (МИА)