Италијанскиот кошаркарски гигант, екипата на Виртус Болоња, наскоро ќе има нови сопственици. Масимо Занети, првиот човек на Виртус Болоња, објави дека наскоро ќе го продаде легендарниот клуб и ќе го предаде на нови сопственици. Виртус е во трка за скудетото оваа сезона, но е вистинско разочарување во Евролигата со само 14 победи и 24 порази за 17. место на табелата.
Дури го отпушти тренерот Душко Ивановиќ и го замени со неговиот помошник, Ненад Јаковљевиќ.
– Ако се јави некој да го купи Виртус и покаже дека има доволно пари, желба и амбиција, ќе бидам подготвен да го сослушам. Клубот е мој засега, ако никој не сака да го преземе, јас ќе останам на чело. Како и да е, наскоро ќе наполнам 80 години и ќе ги сослушам понудите. Повторувам, сè оди напред, имаме планови за годините што доаѓаат и разговараме со Евролигата за обновување на лиценцата.
Би сакал да бидам претседател на Виртус по 2026 година, дури и кога ќе се преселиме на нов стадион и кога ќе биде раководството различно од сегашното – истакна Занети.







