Тинејџер тешко повреден, со мотор удрил во метален столб

На 20.04.2026 околу 01:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Моша Пијаде“, плоштад „Маршал Тито“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, Х.З.(19) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во метален столб, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово.


Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.