Приведени 10 лица, меѓу нив малолетник и странци – еве што најде полицијата кај нив

На 18/19.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Г.(28), В.В.(50), Д.М.(45), Е.И.(40), П.П.(26), Ј.Ѓ.(23) и 15-годишник, сите од Скопје, како и К.И.(28) од с.Јурумлери, скопско, М.Г.(29) од Хрватска и С.П.(24) од Грција,

Приведени се затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја, марихуана и таблети.


По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.