Нов трофеј за Вардар во Националниот Куп

РК Вардар го освои 18.. трофеј во Купот на Македонија во клупската историја откако вечерва во супердраматично финале „црвено-црните“ славеа над Охрид со 24-23, за одбрана на трофејот освоен лани, вкупно петти куп трофеј што Вардар го освојува во последните шест сезони од мак-ракометот.

Охриѓани имаат за што да жалат, ако се знае дека во вториот дел имаа „плус три“, а во самиот финиш и напад за изрманување со играч повеќе, но непотребно тргнаа на атракција и цепелин наместо на рутинска реализација, и ја платија цената за тоа.


Валах бранеше одлично и со десет интервенции даде голем придонес за победата, додека во нападот најефикасни кај Вардар беа Малус со осум, пред Хориха со шест и Тузолана со пет погодоци.

Кај охриѓани најефикасни беа Ѓукиќ и Јасухира со по пет погодоци.