„Чукај, чукај“: Комбинација полн погодок, слушнете како заедно звучат Благица Павловска и Антониа Гиговска

Модерна преработка на стара македонска песна станува голем хит.

Комбинацијата иако неочекувана се покажа како полн погодок. Благица Павловска и Антониа Гиговска објавија преработка на песната „Чукај, чукај“ која беше објавена во далечната 1998-ма година.


Во оваа верзија на песната учествува и Роберт Спасенцовски-Џокер, кој е сопруг на Антониа.

-Гушкајте се, простувајте и смејте се повеќе. Додека чука срцето, имаме сè. ‘Чукај, Čukaj’ е за сите вас. Пуштете ја гласно и живејте со срце. Еднаш се живее, нека вреди, напиша Гиговска.