Ормутскиот теснец е „прогласен за целосно отворен“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
Доналд Трамп напиша на социјалните мрежи – ви благодарам!

-Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормутскиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, по координираната рута како што веќе беше објавена од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран, објави на X, иранскиот министер.
Двонеделното примирје меѓу Иран и САД треба да заврши на 22 април.







