На 09.02.2026 во 19:10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиja од слобода М.Ј.Б.(35) од Германија.
При извршен преглед на патничко возило „фолксваген транспортер“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени кристална материја и кеса со натпис „лсд“.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.







