Кристијано Роналдо сè поотворено го покажува своето незадоволство од престојот во Саудиска Арабија, пред сè поради тоа што Ал-Наср не вложува доволно во засилувања, за разлика од ривалите кои редовно носат звучни имиња.
Според угледниот португалски медиум „Рекорд“, во договорот на Роналдо постои клаузула што му овозможува да го напушти клубот во јуни 2026 година, а извесно е дека истата ќе биде активирана.
Португалската ѕвезда не се појави на последниот натпревар против Ал Ријад, што дополнително ги засили шпекулациите дека неговата авантура на Блискиот Исток се ближи кон крај.







