(Фото) НОВА АСФАЛТИРАНА УЛИЦА ВО БЕРАНЦИ

Денес се асфалтира уште една од трите улици кои се реализираат заедно со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Со голем мотив продолжуваме да се ангажираме за добивање уште повеќе вакви проекти во сите населени места, со кои ја подобруваме пристапноста и движењето на жителите на општината, порача градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски.