ПОЛСКИ ПИРОШКИ ПОДОБРИ ОД БИЛО КОЈА ПИТА: Лесни се за правење и се топат во устата

Ви треба:

500 г брашно
1 јајце
250 мл топла вода
прстофат сол
2 лажици масло

За филот:

250 г компири
200 г свежо сирење
сол
бибер
2 лажици путер

За сервирање:

павлака по желба
свеж магдонос


Подготовка:

Измешајте брашно со сол, потоа додадете јајце, масло и вода и замесете мазно и еластично тесто.

Оставете да отстои 15-20 минути. Потоа изгмечете ги и сварете ги компирите, потоа додадете сирење и путер, и зачинете со сол и црн пипер.

Потоа добро соединете. Развлечете го тестото тенко, па исечете кругови. Ставете една лажица фил во средината, потоа превиткајте го и добро затворете ги рабовите.

Во голем сад сварете вода со прстофат сол. Гответе 3-5 минути, додека не испливаат на површината. На крајот, премачкајте ги пирогиите со павлака и наросете со магдонос.