Одиграни четири осминафинални дуели од Купот

Попладнево се одиграа четири натпревари од осминафиналето од Купот на Македонија, а пласман во следната рунда обезбедија: Силекс, Струга, Шкендија Арачиново и Работнички.

Два дуела завршија со победа на гостинските екипи. Во Куманово Силекс го совлада Башкими со 2:1, додека Струга ТЛ беше убедлива во дуелот со Македонија ЃП и славеше победа со 5:0. Изненадување направи второлигашот Шкендија Арачиново со елиминацијата на Пелистер и победата од 1:0, додека Работнички по изведувањето на пенали ја елиминира Брегалница Штип. Дуелот заврши 1:1, а по пеналите беше 5:4.

Утре се игра натпреварот Вардар – Новаци, а последното осминафинале е закажано за 19.ноември и играат Шкендија Тетово – Тиквеш.

Претходно четвртфинале обезбедија Детонит Плачковица со триумфот над Беласица со 1:0 како гостин, додека Охрид го победи тимот на Шкупи со 3:0.