Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), израелски брод денеска испукал предупредувачки истрели кон неколку палестински бродови кои ја прекршиле поморската блокада и претставувале закана за војниците покрај брегот на јужниот дел од Појасот Газа.
Според војската, палестинските бродови се вратиле назад откако биле испукани предупредувачките истрели, објавува „Тајмс оф Израел“.