Американскиот актер Том Круз и актерката Ана де Армас одлучија да ја прекинат својата врска што ја започнаа во февруари оваа година.
Двајцата сега чувствуваат дека функционираат многу подобро како пријатели, изјави извор за британските медиуми.
-Искрата меѓу нив згасна, но тие сè уште уживаат да бидат заедно и двајцата се однесуваа доста зрело во врска со тоа. Том и Ана се забавуваа одлично заедно. Тие ќе останат добри пријатели. Тие повеќе не се пар, рече тој.
Гласините дека се заедно почнаа да се шират во февруари оваа година, кога беа фотографирани како вечераат во Лондон. После тоа, беа видени на одмор во Шпанија, на концерт на Оејзис на стадионот Вембли во Лондон и на други локации.
Тие никогаш јавно не зборувале за својата врска, но потврдија дека се заедно држејќи се за раце во јули во Вермонт. Том Круз има три брака зад себе – со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс.
Ана де Армас беше во брак со Марк Клоте. Претходно се забавуваше со Бен Афлек.