Македонскиот вицепрвак ТФТ од Скопје со победа ја почна сезоната во АБА2 лигата.
На Гостувањето во Крагуевац, тимот од скопската населба Тафталиџе славеше над Раднички со 84-78.
За ТФТ доволна беше една одлична четвртина (третата) во која направија предност кога се покажа како решавачка. ТФТ го доби периодот со 31-16, па во последните 10 минути влезе со +8. Таа предност составот на Боро Смилковски знаеше како да ја сочува и на крајот да се израдува на првата победа.
Дејвис со 24 поени беше најефикасниот играч на ТФТ, Гордон додаде 13 (и осум скока), додека Самервил го заврши мечот со 10 поени.
Следен противник на ТФТ ќе биде новосадска Војводина во дуелот закажан за седум дена (28 октомври) во Скопје.