Сопругата на Брус Вилис откри како нивните деца се справуваат со неговата дијагноза: „Тагуваат, им недостига татко им“

Ема Хеминг Вилис, сопругата на познатиот актер Брус Вилис, отворено зборуваше за тоа како нивните две ќерки се справуваат со тешката дијагноза деменција што ја доби Брус.

Ема во интервју за ABC News изјави дека Брус се преселил во посебен дом, прилагоден на неговите потреби, одделен од нивните деца – 13-годишната Мејбл и 11-годишната Евелин. Оваа одлука, како што рече таа, била една од најтешките што морале да ја донесат како семејство, но верува дека била правилна.

-Она низ што минуваат децата не е лесно. Тие тагуваат и многу им недостига татко им. Тој не е таму за важни моменти во нивните животи, што е особено тешко за нив. Не сакав луѓето да не разберат низ што минуваме, но тие сè уште се борат и учат исто како мене, изјави Ема за Vogue Australia.


Ема, исто така, отворено зборуваше за своите емоции откако Брус беше дијагностициран: „Морав да научам да живеам со тагата што ме придружува секој ден. Не можам да се ослободам од неа, но решив дека нема да дозволам оваа тага целосно да ме совлада. Ќе ги почувствувам сите емоции, но нема да дозволам тие да ме дефинираат.“

Моментално, Брус Вилис живее во еднокатна куќа каде што му е обезбедена постојана медицинска нега.

Ема нагласи колку е важно да се одржува врска со него: „Кога сме таму, или кога сме заедно надвор, или гледаме филмови, фокусот е на тоа да бидеме заедно и да се поврзуваме. Тоа е место полно со љубов, топлина и смеа. Прекрасно е да се види колку многу пријатели на Брус сè уште доаѓаат и внесуваат радост во неговиот живот.“