Чупиќ: Секој старт е тежок, но се бројат само двата бода

По средбата на прес-конференцијата свој коментар за одиграното со Сесвете даде вардаровиот тренер Иван Чупиќ.

„Благодарност до ривалот за фер и коректниот натпревар. Би издвоил два сегменти. Прво влеговме многу агресивно во натпреварот и добро трчавме транзиција. Сепак, потоа во вториот дел на првото полувреме примивме многу брзи голови кога менувавме. Потоа во продолжението отворивме добро, ама од 21-15 имавме осум минути во кои игравме тешко и бавно. Не се снајдовме веднаш на нивната „пет-еден“ зона и знаевме дека мора да се подобриме, да реализираме пред да се постави зоната во транзиција. Сепак, моите играчи покажаа карактер на крај, ама влегуваш во ново натпреваруање и се е поинаку. Секое отворање на било кое натпреварување е тешко. Откако Сесвете се врати до 21-21, покажавме добра одбрана и со добар голман и се одлепивме. Откако ни успеа тоа, го трасиравме патот до победата. Покажавме добар ракомет, иако е само прв натпревар. Запишуваме два бода и се друго се заборава“, изјави Чупиќ.


Во второто коло за седум дена Вардар му гостува на Тулуз, а потоа во ноември е домаќин на Кристијанштад.