Смилковски: ТФТ се враќа во АБА-2 со повисоки амбиции

ТФТ повторно се враќа на настапите во АБА-2 лигата.

Во новата сезона, клубот од Тафталиџе ќе отвори на гости кај тимот на Раднички од Крагујевац.

Пред дуелот со оваа екипа коментар даде тренерот Боро Смилковски.


„По пауза од една година повторно сме дел од АБА 2 натпреварувањето, овој пат поискусни и со повисоки амбиции во однос на насиот настап сесонава. Не очекува дуел против екипата на Раднички Крагујевац, КлС екипа со познато кошаркарско реноме во регионот и квалитетен состав – спој од искусни и млади играчи. Екипа која игра на голем број поседи и која игра голема агресивност во одбраната посебно на надворешните позиции. За нас после добриот почеток на сезоната натпреварот ке претставува еден вистински тест за досега сработеното и би ни дал своевидна евалуација на ростерот и потребите на екипата за вакво натпреварување. Верувам дека и двете екипи влегуваат мотивирани и со свои амбиции и дека нема да изостане добра кошарка достојна за едно вакво квалитетно натпреварување како АБА 2 лигата“, изјави Смилковски.

Натпреварот меѓу Раднички Крагујевац и ТФТ се игра во среда од 18:00 часот.