МЕЏИТИ: Бујар Османи живее во дивоградба и нема морално право да зборува на оваа тема

Кандидатот на Коалиција ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во првата дебата лице в лице со неговиот противник од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, во емисијата „Топ Тема“, упати остри обвинувања кон Османи дека самиот живее во дивоградба и оти нема морален кредибилитет да зборува на оваа тема.

-Прашањето за дивоградбите започна пред кампањата, предводена од Данела Арсовска, Левица и други, кои имаа за цел да му помогнат на својот кандидат, во овој случај Бујар Османи. Општина Чаир е шеста во Скопје по бројот на дивоградби, а десетта на ниво на државата по дивоградби, и тврдам дека законот е почитуван до крај. Нема во Чаир легализирано колективно станување по едно евро, како што има во Сарај кај неговиот колега. Апартамснки хотели има на Водно, не во Чаир, Бујар ги измешал работите, изјави Меџити.

Меџити, исто така, го обвини Османи за лицемерие, велејќи дека тој самиот живее во дивоградба, што ја легализирал за едно евро.


-Ако им дозволивме на граѓаните со ниски приходи да градат за своите основни потреби, Бујар, кој е министер сите овие години, самиот живее во дивоградба. Кога зборува за корупција, тој е последен што ја споменува оваа тема, го доби прекарот „Пациентот“ поради аферата во гинеколошкиот оддел во Чаир, а како министер за конференцијата на ОБСЕ потроши милион евра за изнајмување автомобили за еден ден, нагласи Меџити.

Кандидатот на ВРЕДИ го замоли Османи да покаже политички морал и да не бега од одговорност, посочувајќи дека не зборува за куќата на таткото на Османи во населбата Серава, туку за онаа во Топанско Поле што тој ја изградил и ја легализирал за само едно евро.