Колку жители има секој европски главен град?

Во најнаселениот главен град на европска држава живеат дури 12 милиони луѓе.

Главните градови на Стариот континент можат да се пофалат со своите со векови сочувани автентични стари населби. Во секој од овие т.н. стари делови оживуваат средновековни приказни, а некаде сѐ уште се слуша и тропот на витешки оклопи, дворска музика или бучава од преполните пазари.

Дваесеттиот век во Европа донесе култура на колективно живеење, а насекаде се распространија блокови станбени згради полни со живот. Надвор од градските јадра се појавија модернистички деловни градби кои вработуваат илјадници луѓи и им даваат шанса за подобар и поудобен живот.

Како што европските држави се разликуваат по територија и население, истото важи и за нивните главни градови. Има многу мали со едвај 5-6 илјади жители, а има и многу милионски.

Вака изгледа листата на европските престолнини и нивното население. Имајте на ум дека бројките се само за градското подрачје, без околните населби (на пр. градот Париз има нешто над 2 милиона жители, но со сите приградски населби има над 12 милиони, додека Москва така би имала над 21 милион).


(по азбучен ред)

Австрија, Виена ~1.767.000
Албанија, Тирана ~420.000
Андора, Андора ла Веља ~22.000
Белгија, Брисел ~1.192.000
Белорусија, Минск ~1.911.000
Босна и Херцеговина, Сараево ~555.000
Бугарија, Софија ~1.211.000
Ватикан, Ватикан ~1.000
Германија, Берлин ~3.500.000
Грузија, Тбилиси ~1.062.000
Грција, Атина ~3.090.000
Данска, Копенхаген ~583.000
Ерменија, Ереван ~1.060.000
Естонија, Талин ~413.000
Ирска, Даблин ~527.000
Исланд, Рејкјавик ~122.000
Италија, Рим ~2.868.000
Латвија, Рига ~640.000
Литванија, Вилнус ~543.000
Лихтенштајн, Вадуц ~5.500
Луксембург, Луксембург ~107.000
Малта, Валета ~6.000
Македонија, Скопје ~540.000
Молдавија, Кишињев ~670.000
Монако, Монако ~38.500
Норвешка, Осло ~640.000
Обединето Кралство, Лондон ~8.136.000
Полска, Варшава ~1.735.000
Португалија, Лисабон ~510.000
Романија, Букурешт ~1.860.000
Русија, Москва ~12.000.000
Сан Марино, Сан Марино ~33.500
Словачка, Братислава ~420.000
Словенија, Љубљана ~280.000
Србија, Белград ~1.369.000
Украина, Киев ~2.800.000
Унгарија, Будимпешта ~1.760.000
Финска, Хелсинки ~616.000
Франција, Париз ~2.244.000
Холандија, Амстердам ~822.000
Хрватска, Загреб ~790.000
Црна Гора, Подгорица ~186.000
Чешка, Прага ~1.259.000
Шпанија, Мадрид ~3.170.000
Швајцарија, Берн ~130.000
Шведска, Стокхолм ~960.000

Не е тешко да се заклучи дека најнаселен европски град е руската престолнина Москва, додека второто место му припаѓа на Лондон. На спротивниот крај на листата води, очекувано, градот-држава Ватикан со само илјада жители, а следуваат главните градови на Лихтенштајн и Малта.

Според последниот попис од 2021 година, македонскиот главен град Скопје има 540 илјади жители, многу под очекуваните 700 илјади. Со тоа, Скопје се наоѓа на 29-тото место.

На листата не се вклучени главните градови на Кипар и Турција, кои гографски не спаѓаат вцо Европа, како ни оние на Велс, Шкотска, Северна Ирска, Гибралтар и Фарски Острови бидејќи не се независни држави туку имаат одредено ниво на автономија.