Претседателот и кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски порача, нема поголема чест, нема поголемо задоволство кога во пресудните моменти заедно со народот влегуваш во битка и ја добиваш!
Нашата кандидатка идната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова, во Битола освои двојно поголема поддршка од кандидатот на СДС.
И резултатот на државно ниво ја потврдува огромната предност. Разликата во гласовите е поголема во корист на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, од бројот на вкупно освоените гласови на сега второпласираниот во вториот круг на претседателската трка.
Огромна благодарност изразуваме до сите граѓани на Битола за големата поддршка и уверени сме дека на 8 мај Битола само уште посилно ќе ја потврди одлуката за промени, одлуката институциите да профункционираат, државата повторно во рацете на граѓаните, Македонија повторно горда, моја, твоја, наша!








