ПОЛИТИЧКА АКАДЕМИЈА 2022 – „Односи со јавност и реторика“ втор модул сабота во Хотел Премиер

Политичката академија во организација на претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола, Мартин Ивановски ќе се одржи во сабота, 12:00 часот во Хотел Премиер.

Вториот модул од политичката академија ќе биде со назив „Односи со јавност и реторика“ ќе го предводи Благој Шаклевски.


Во вториот модул учесниците ќе се стекнат со нови искуства во делот на односи со јавноста, медиумска писменост и реторика, стои во соопштението на УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.